Зависност од дрога

Кога некој близок човек се бори со зависност од дрога или пак не може да се справи со зависноста, на неговото семејство и пријателите брзо им се потребни информации за тоа како тие можат да помогнат. Тоа е целта на оваа страница. Центрите на Нарконон за рехабилитација од дрога спасуваат животи повеќе од четири децении и се надеваме дека ќе можеме да Ви помогнеме да разберете кое е решението за зависноста од дрога која Вие или некој за кој се грижите ја искусува.

Подолу во текстот ќе ги најдете најчесто поставуваните прашања и одговори кои се однесуваат на зависноста од дрога. Ве молиме да стапите во контакт со нас доколку Ви се потребни повеќе информации или пак Ви е потребна каква било помош во однос на проблемот со кој се соочувате.

Кои се некои од вообичаените знаци на зависност од дрога?

Еден човек кој користи дрога не е во состојба да ги извршува своите вообичаени задачи, како што се училишните обврски, работните проекти, грижата за миленичињата, децата или други лица кои зависат од него. Чиниите не се измиени, а нема ниту храна во кујната. Честопати овие луѓе не водат грижа за сопствената хигиена. Тие не се хранат и не спијат нормално, остануваат будни до доцните часови или пак се изморени или поспани за време на вообичаените работни часови. Можат да станат нервозни и да изразуваат противење, па дури и да станат непријателски расположени ако им се поставуваат прашања. Нивниот круг на пријатели може да се менува и овие луѓе можат да станат мошне таинствени или да седат затворени поголем дел од времето. Може да започнат да недостасуваат личните сопствености или предмети од домот или пак овие лица неочекувано да се стекнат со преголем износ на пари.

Кога користењето на дрога прераснува во зависност?

Зависноста е состојба која се одликува со повторно и компулсивно барање и користење на дрога, алкохол или други слични супстанци и покрај негативните општествени, ментални и физички последици. Оваа состојба е вообичаено придружена со психолошка и физичка зависност од супстанцата која се користи и со појава на симптоми на одвикнување штом количината на супстанцата која се зема е намалена или нејзиното користење е прекинато. Кога постои зависност, лицето не го контролира користењето на дрога, туку користењето на дрога го контролира лицето. Кога личноста ќе ја загуби способноста да направи разумен избор дали да користи дрога или алкохол или не, тогаш тој или таа се зависни.

Колку брзо може една личност да стане зависна од дрога?

Во случајот кај некои дроги, зависноста настапува многу брзо. Тоа значи дека дури и по едно, две или три земања, лицето може да добие таква силна желба за дрога, така што истото е приморано повторно да ја земе супстанцата, и покрај фактот што лицето веќе знае кон што сè ова може да го доведе. Постојат луѓе кои кажуваат дека им се случило погоре наведеното како резултат на земање на метамфетамини, кокаин и оксикодон. Исто така, користењето на екстази може да резултира во зависност која настапува брзо. Алкохолот и марихуаната можат да предизвикаат зависност, но истата вообичаено настанува постепено.

Кои социјални проблеми се создаваат или се влошуваат со зависноста од дрога?

Во заедниците со високо ниво на зависност од дрога вообичаено се зголемува и нивото на криминал и насилство, кое е придружено со зголемување на бројот на случаи на семејно насилство, насилство врз деца, како и занемарување на родителското право. Исто така, можат да се повредат многу луѓе како резултат на возење под дејство на алкохол или дрога. Сексуалните односи стануваат сè поризични и истите можат да резултираат во зголемен број на случаи на несакана бременост и случаи на сексуално преносливи болести. Постои можност за зголемување на бројот на бездомници и невработени лица, како и смртни случаи кои се предизвикани од користење на дрога.

Што се случува кога бремените жени земаат дрога?

Многу видови на дрога поминуваат низ плацентата и влијаат на плодот. Употребата на кокаин, опијати кои се издаваат на рецепт како метадонот, хидрокодонот и оксикодонот, хероин или метамфетамини може да доведе до создавање на зависност кај бебето од тие видови на дрога. Користењето на алкохол може да доведе до недоволна тежина при раѓање и физички деформитети, како и ментални пречки во развојот и интелектуална попреченост. Кокаинот може да резултира во вродени аномалии. Халуциногените дроги како што се ЛСД-то, кетаминот и екстазите можат да доведат до спонтан абортус или предвремено породување.

Дали една програма за рехабилитација навистина може да ѝ стави крај на зависноста од дрога?

Програмата за рехабилитација треба да се избере многу внимателно. Една ефикасна програма за рехабилитација мора да содржи начини за намалување или целосно отстранување на желбата за дрога или алкохол со цел да му овозможи на лицето повторно да ужива во животот без нив. Исто така, секое лице мора да ги поправи оние ситуации во животот кои првично го довеле до користење на дрога. Поединецот ќе мора повторно да го изгради својот живот за да го замени животот кој му бил уништен од зависноста. Програмата на Нарконон за рехабилитација од дрога и алкохол се состои од елементи кои ја имаат докажано својата ефикасност во секое од тие полиња.

Како можам да му помогнам на едно лице кое е зависно од дрога?

Без разлика на изговорите кое лицето ги дава, користењето на дрога, како и на други супстанции кои создаваат зависност, како што се инхалантите, е опасно и штетно и по корисникот и по луѓето околу него. Најдобриот начин да му се помогне на тоа лице е да се наведе или убеди истото да престане со земањето на дрога. Ако лицето вети да престане и се обиде да престане да користи дрога, но не успее, тогаш Вие можете да му го спасите животот ако му помогнете да се запише на програмата на Нарконон за рехабилитација од дрога и алкохол.

Како би можеле да го поттикнете лицето да започне со Програмата на Нарконон за рехабилитација од дрога?

За жал, многу корисници на дрога не се во состојба да ги увидат своите проблеми и поради тоа одбиваат помош. Советниците за прием при центрите на Нарконон можат да Ве советуваат за тоа како најдобро да му пристапите на овој проблем и можат да Ве водат во текот на целиот процес сè додека лицето не пристигне во центарот за рехабилитација на Нарконон. Како друга можност, можеби најдоброто решение би било да дојде специјалист - посредник во Вашиот дом и да му помогне на лицето кое користи дрога или алкохол да донесе сопствена одлука за започнување со програма за рехабилитација. Персоналот на центарот на Нарконон кој е во Ваша близина може да Ве посоветува за услугите на специјалист - посредник.

Колку чини зависноста од дрога?

Моментално се проценува дека Соединетите Американски Држави секоја година исплаќаат 416 милијарди американски долари за решавање на проблемот на зависност од дрога и алкохол. Тоа е како секој маж, жена и дете во Соединетите Американски Држави да плаќаат по 1.300 американски долари секоја година. Во 2008 година, 16 земји-членки на Европската Унија потрошија 2,25 милијарди евра на решавање на проблемот на зависност од дрога. Во 2008 година беше проценето дека овој проблем ја чини Русија 54 милијарди американски долари.


 ®
Ослободете се од дрогата. Еднаш засекогаш.
Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА