Мајка на Дипломец на Нарконон
Линда С.

Живеев само за да имам син кој го донесов на овој свет жив и здрав и израсна во добро семејство, одеше во црква, членуваше во Извидници.

Почна да зема часови за на факултет но откри дека на нафтените полиња може да заработи повеќе. Па, отиде да работи како работник на нафтена платформа. Работата беше доста напорна. Големи количини на дрога има на нафтените полиња. Пушел малку марихуана, и тоа не е добро. Пиел малку пиво. Но, ескалираше до ниво каде потоа, скоро година користеше метамфетамин. И како го откривме тоа, видовме целосна промена на личноста.

Тоа беше срамно. Пробавме да го криеме тоа како семејна тајна. И јас плачев секоја ноќ. Плус работев во судот, и секојпат кога шерифот ќе влезеше, јас го задржував здивот мислејќи, „Леле, да не ми каже дека Кејлен е уапсен?“

Никогаш порано не бил осудуван за дрога но само влакно фалеше да биде фатен. И, или ќе одеше во затвор или ќе беше убиен. Мислам, од дрогите, или бев уплашена дека ќе се самоубие.

Па забрзано почнав да пребарувам на Интернет и така дознав за Нарконон. Се јавив во Нарконон, и работевме 5 недели на тоа за да го донесеме таму.

Тогаш започнавме да гледаме промени и јас продолжив да го охрабрувам, забележавме промени до момент кога кажа: „не го правам веќе ова за тебе мамо, го правам за себе.”

И гледајќи го него и стафовите во Нарконон никогаш не би помислила дека имале проблем со дрога. Толку е добар програмот.

Тоа е чудо. Ние го имаме нашиот син назад и не можам доволно да му заблагодарам на Нарконон затоа што тие го спасија неговиот живот а и нашите животи, истотака.

Повеќе спотови