Сестра на Дипломец на Нарконон
Меги Ф.

Таа е моja постара сестра и секогаш имаше некаков проблем од кога работеше во прва помош и го повреди грбот, мислам дека, на некој начин, од тогаш почна сѐ.

Таа се разведе. Мина низ многу нешта но се чинеше работите се влошуваат. Премногу алкохол. И навистина незнам кои други дроги ги земаше во тоа време но знаев дека е во очајна состојба.

После тоа на некој начин таа влезе во онаа спирала на опаѓање со дроги и алкохол. Јас и таа многу пати имавме караници. Ги земав нејзините деца кај мене или со мене на некој период.

Беше целосно надвор од контрола. Два пати и помогнав, ја однесов на интензивна нега во болницата поради предозираност. И бев со мисла дека, знаете, таа ќе умре. Ако не направам нешто повеќе таа ќе умре.

Работата беше многу очигледна, но ќе речеше, „Не користам дроги, не пијам, не...“ Велеше, „Го правам ова за да преживеам, знаеш.” „Те знам доста долго. Дури и моите деца знаат, тие ми велат дека се однесуваш чудно.“ И така призна. Ќе оди во Нарконон.

Можам да ви кажам сега без никаква резервираност таа е целосно различна личност.

И неможам да ви кажам колку сум благодарна. Таа е сеуште таму. Ја споделува придобивката од рехабилитацијата со другите и им помага. Го имаше внатрешниот став дека не е способна, дека не е способна да го победи тоа и на крајот, го победи.

Сега води нормален живот. Децата сакаат да се покрај неа. Таа е активна во сите нивни секојдневни работи. Навистина брза промена.

Повеќе спотови