Надминување на зависноста од метамфетамини

Моја дрога беше кристален мет. Сите акции ми беа импулсивни, а мисловниот процес ми беше сосема уништен.

Не размислував дали нешто е исправно или погрешно, туку импулсивно правев. Немав никаква контрола врз тоа. Од дрогата бев како мртов.

Најлошото чувство во животот.

Го загубив семејството, ги загубив пријателите. Се загубив себеси. А кога се загубив себеси, загубив сè.

За среќа, сестра ми го откри Нарконон.

За време на сауната, подобро спиев, кожата ми се исчисти, се поправив.

Повторно се родив.

Се подмладив во секоја смисла на зборот: физички, ментално. Можев подобро да размислувам, и во суштина имав мисловен процес, а не само инстинктивна реакција.

Легнував да спијам и се будев во исчекување што ќе постигнам тој ден.

Си го вратив семејството, си се вратив себеси, и повторно чувствувам желба за живот, желба за успех. И не само тоа, повторно имам сочувство за човештвото.

Повеќе спотови