50 ГОДИНИ

Спасување на Животи од Дроги

Нарконон, што значи „без наркотици“, е програма за рехабилитација од дрога и алкохол, која е достапна за секој кој сака да стави крај на сопствената зависност и да води продуктивен живот во кој нема место за дрога и алкохол.

Програмата на Нарконон не само што се справува со менталната и физичка исцрпеност која е предизвикана од употребата на дрога, туку и со причините зошто лицето воопшто посегнало по дрога. Како резултат на тоа, десетици илјади луѓе ја имаат завршено програмата на Нарконон и имаат започнато да живеат нов живот без дрога.

Програмата на Нарконон се заснова на откритијата и делата на Л. Рон Хабард, основачот на cкиентолошката религија. Меѓутоа, Нарконон не е религиозна програма и лицето не станува скиентолог со тоа што ќе ја направи програмата.

Г-дин Хабард започнал да ја истражува злоупотребата на дрога во 1960-тите години. Откритијата што произлегле од тоа истражување ги дале начините на кои поединците би можеле да се ослободат од зависноста.

Центрите на Нарконон ги користат овие откритија за да им помогнат на учесниците во програмата да ги надминат физичките и емоционалните причини за нивната зависност и да ѝ стават крај на желбата за дрога која може да доведе до повторно користење, што всушност претставува најважното нешто за водење на живот во кој нема место за дрога.

Денеска Нарконон е глобална мрежа која ја сочинуваат 45 центри за рехабилитација. Нарконон Ароухед во Оклахома е водечки меѓународен центар за рехабилитација од дрога и обука во состав на мрежата на Нарконон. Во истиот се испорачуваат услугите за рехабилитација од дрога, како и обука и пракса на лице место за специјалисти за рехабилитација од дрога од целиот свет.

Континенталните центри на Нарконон опслужуваат цели региони како центри за рехабилитација од дрога и обука и тоа во Африка, Австралија, Канада, Европа, Обединетото Кралство и Латинска Америка.

За потребите на видни поединци од уметноста и лидери на општества беше отворен уникатен центар на Нарконон во близина на Охаи, Калифорнија.

зграда А

Мрежа Ширум Светот

рижата на Нарконон не е само рехабилитацијата, туку посега кон пошироката заедница за да се сопре употребата на дроги пред таа да прерасне во злоупотреба или зависност. Специјалистите на Нарконон за едукација за дроги им обезбедија на милиони млади и возрасни убедливи информации за дрогите и злоупотребата на дроги за да не тргнат по патот на зависноста.

Регионален центар на Нарконон
Континентален центар на Нарконон
Главен центар на Нарконон

Оваа интернет страница дава преглед на речиси пет децении активност и достигнувања на програмата на Нарконон. Ова е опис на уникатните составни делови на програмата: одвикнување без користење на лекарства и дрога, Детоксикација - Нов Живот и вештини за живеење, со илустриран приказ на Детоксикацијата - Нов Живот и преглед на распространетоста на центрите за рехабилитација на Нарконон кои работат ширум светот, вклучувајќи го и новиот модел на Континентални центри на Нарконон кои се наменети да ја обезбедат програмата за рехабилитација, како и да обезбедат обука и пракса за специјалистите за рехабилитација.

Можеби најзначајни се искуствата на поединците, семејствата и заедниците чии животи се преобразени кога еден или повеќе поединци од нивната средина се спасени од дрога. Дипломци на програмата, нивните семејства, претставници од граѓанскиот и владиниот сектор, како и специјалисти од областа на борбата против зависност од дрога и алкохол зборуваат за тоа како може да се постигне успешна и трајна слобода од зависноста преку програмата на Нарконон.