Центри од светска класa

на секој континент

Зависноста од дрога и алкохол е глобален проблем кој бара глобално решение. Ширум светот се отвораат центри на Нарконон кои ќе одговорат на предизвикот, како што се главниот меѓународен центар во Соединетите Американски Држави, шесте нови континентални центри кои служат како модел, центар кој е особено наменет за уметници и лидери, како и десетици регионални и локални центри.

Нарконон Ароухед

Со цел сите аспекти од програмата на Нарконон да станат широко достапни, во 2001 година беше отворен главниот меѓународен центар за рехабилитација од дрога и обука, Нарконон Ароухед. Овој центар се протега на површина од 100 хектари и е сместен во шумските предели на југоисточна Оклахома. Истиот е најголемиот центар во светот од тој вид и во него се нуди рехабилитацијата од дрога на Нарконон и обука за специјалисти за рехабилитација од дрога.

Во 2015 година, Нарконон го презеде следниот голем чекор во насока на остварување на својата мисија: создавање на Континентални центри на Нарконон кои служат како модел. Секој од овие центри ја нуди програмата на Нарконон за рехабилитација од дрога, како и обука и пракса за специјалисти за рехабилитација од дрога за тој регион. Секој центар е уникатен од архитектонска гледна точка и потполно соодветствува на својата географска зона, истовремено испорачувајќи ја универзално функционалната програма на Нарконон.