Новиот центар на Нарконон за рехабилитација од дроги нуди нова надеж, како за домашните зависници, така и за зависниците ширум целиот европски континент.

„Станува збор за воодушевувачка површина од 6,5 хектари која е опкружена со природа и убавина... Тоа е како да сте дошле во Нарнија или нешто слично... Едноставно пробудува чувство на слобода од пропаст“.

Вака го опиша еден посетител неверојатниот нов центар на Нарконон Европа, кој беше отворен на 5-ти септември во околината на езерото Аресо, кое е најголемото езеро во Данска. Ова дополнување на флотата на Нарконон, кое е од историско значење, се протега на имот од 6.225 квадратни метри и е сместено во околина која е безгрижна и во која нема вознемирувања.

Лентата на Нарконон Европа беше пресечена, со што се означи нова ера на помош.
 

Во своето обраќање пред присутните, по повод прославата на големото отворање, Извршниот директор на Меѓународното здружение за подобар живот и едукација, ABLE, истакна дека: „ABLE е посветено на подобрување на општеството. Ова е причината зошто отворањето на овој нов центар на Нарконон е толку важно за нас. Затоа што не станува збор за само уште една установа за рехабилитација од дрога. Ова е почетокот на едно движење со кое ќе му се стави крај на пустошот на дрогите ширум Европа, а со тоа и ширум светот“.

Група на истакнати и ценети членови на најискусната заедница за рехабилитација од дрога во Европа официјално, од бината, му посакаа добредојде на новиот центар. Секој од нив зборуваше со убедување кое произлегува од увереноста дека Нарконон го има она што е потребно за да се справи со огромниот проблем со дроги со кој Европа се соочува денеска.

Според Европскиот центар за следење на дроги и зависност од дроги, проблемот со дрогите на континентот е огромен, со проценка дека од злото се зафатени 1,4 милиони жители на континентот кои се проблематични корисници на опојни дроги. Овој нов центар на Нарконон им носи надеж на оние кои се фатени во стапицата на зависноста, заедно со установа за обука во која ќе се едуцираат специјалисти за рехабилитација кои доаѓаат од повеќе од 20 европски центри на Нарконон.

„Со отворањето на овој нов центар, предвидувам отворање на стотици нови центри на Нарконон ширум Европа и тоа е нашиот придонес кон надминувањето на проблемите со дрога со кои сите се соочуваме“, рече на отворањето г-дин Јорген Јоргенсен, Извршниот Директор на Нарконон Европа.

„Нарконон не само што им помага на луѓето целосно да се откажат од дрогите, туку и ги едуцира истите како во иднина да ги живеат своите животи без дрога.“

Г-дин Лиф Карлсен, консултант за зависност од дроги во Копенхаген, додаде: „Денеска сме соочени со општество во кое се повеќе луѓе се чувствуваат отуѓено и осамено. Дрогите се и секогаш биле бегство од реалноста - реалност со која не знаеме како да се справиме. Нарконон не само што им помага на луѓето целосно да се откажат од дрогите, туку и ги едуцира истите како во иднина да ги живеат своите животи без дрога“.

Третиот говорник, Високопречесниот отец д-р Вилијам Меккомиш, пензиониран архиерејски намесник од архиерејското намесништво со седиште во катедралата Св. Петар во Женева, ја изрази својата длабока почит за исклучително хуманиот метод на рехабилитација кој се користи од страна на Нарконон. „Вашиот нов континентален центар на Нарконон за Европа ќе ја направи вашата работа поефикасна за помагање на човекот да се опорави од разорните последици од дрогите и спасување на иднината за нашата младина“.

Со 23 нови филмови за упатување на 29 дијалекти и јазици со кои испораката на технологијата која спасува животи се прави поедноставна од кога било досега, Нарконон Европа е отворен, персоналот е обучен и подготвен да му помогне на секој кој сака да побегне од стапицата на зависноста од дрога или алкохол.

__________

__________

За повеќе информации за програмата на Нарконон и нашата меѓународна мрежа на центри ширум 50 држави, Ве молиме јавете се на 1-800-775-8750.